Претседателот Иванов го потпиша ребалансот на буџетот

14.08.2017 10:39

Потпишаниот указ е вратен во собраниските служби, по што следува негово објавување во Службен весник и стапување нa сила на ребалансот.

Претседателот Ѓорге Иванов доцна синоќа во законскиот рок го потпишал указот на Законот за ребаланс на буџетот за 2017 година.

Потпишаниот указ е вратен во собраниските служби, по што следува негово објавување во Службен весник и стапување нa сила на ребалансот.

Претседателот секогаш се изјаснувал во законски предвидениот рок, така постапил и сега- информираат од Кабинетот на Иванов.