Протести во Сиетл и други американски градови против омразата и расизмот

14.08.2017 10:50

Целта на собирите е да се осуди фашизмот, како и претседателот Трамп чијашто политика, според демонстрантите, ја охрабрувала идејата за надмоќ на белата раса.

По насилствата на маршот на расистите и неонацистите во Шарлотсвил, протести против омразата и расизмот беа организирани во Сиетл и другите градови во САД. 

Целта на собирите е да се осуди фашизмот, како и претседателот Трамп чијашто политика, според демонстрантите, ја охрабрувала идејата за надмоќ на белата раса.

Во Сиетл, граѓаните се судрија со полицијата којашто приведе неколку лица. Во Вашингтон се одржа мирен марш.  Во Денвер, стотици демонстранти се собраа пред статуата на Мартин Лутер Кинг во градскиот парк, од каде што се упатија кон државното собрание.

За денеска се планирани протести и бдеења на неколку места, вклучувајќи ја и државата Флорида.