Температурните разлики- проблем за хронично болните

14.08.2017 11:03

Температурните разлики и промената на воздушниот притисок им создава проблеми на хронично болните. Деновиве е зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош. Се очекува ваквиот тренд да продолжи. Метеоролозите најавуваат пораст на температурите, до 38 степени за време на идниот викенд...

Зголемен е бројот на повици на 194. Од Итната медицинска помош велат дека изминатите денови најголем проблем со промената на времето имале хронично болните, метеопатите,  но и здравата популација ја чувствува промената.

Температурите до крајот на наредната недела  ќе бидат во рамките на просечните за овој период од годината, велат синоптичарите. Сепак, за идниот викенд ќе се искачат и до 38-от целзиусов степен. 

Докторите апелираат да се почитуваат препораките. Велат – минатата недела кога Македонија беше со тропски температури граѓаните ги слушале советите и добро се справувале со топлотната состојба.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска