Локализирани поголем дел од пожарите низ земјава

14.08.2017 11:12

Од Центарот за управување со кризи велат дека поради врнежите, најголемиот дел од огнените стихии кои беснеја во изминатиов период се локализирани.

Пожарот кај скопско Кондово е целосно изгаснат, но локалните жители се уште се вознемирени. Во селото се чувствува силен мирис на изгорени дрвја.

Од Центарот за управување со кризи велат дека поради врнежите, најголемиот дел од огнените стихии кои беснеја во изминатиов период се локализирани.

Од Центарот велат дека неколку пожари се локализирани, но сепак се активни. Пожарите кај Прилеп, кај село Богомила, кај Горно Село кај Трескавец се обновени, а на места гори и шума или сува трева.

Гори и во шумското стопанство Кожув кај Гевгелија, зафатени се сува трева и даб.