САД: Можноста за војна со Северна Кореја е поголема од кога и да е
Трамп ја заостри реториката кон режимот на Ким Јонг Ун поради заканите за напад врз пацифичкиот остров Гуам.

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, и советникот за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, Херберт Мекмастер, предупредуваат дека можноста за војна со Северна Кореја е поголема од кога и да е.
Потенцираа дека САД и сојузниците веќе не можат да си дозволат да гледаат од страна како Пјонгјанг продолжува да развива интерконтинентални балистички ракети со нуклеарна боева глава.
Трамп ја заостри реториката кон режимот на Ким Јонг Ун поради заканите за напад врз пацифичкиот остров Гуам.
Во меѓувреме, на сателитски снимки била забележана зголемена активност во една база за подморници од каде што се претпоставува дека ќе се изведе ракетното лансирање.
