Истражна постапка против полицаецот кој повреди двајца малолетници
За целосно расветлување на настанот, јавниот обвинител ги чека резултатите од вештачењата на трагите и материјалните докази пронајдени на местото, балистичките вештачења и анализите од барутните честички.

Донесена е наредба за спроведување истражна постапка против полицаецот кој повреди двајца малолетници со истрел од службениот пиштол- соопшти Jавното обвинителство. Осомничен е дека сторил кривично дело- убиство.
За целосно расветлување на настанот, јавниот обвинител ги чека резултатите од вештачењата на трагите и материјалните докази пронајдени на местото, балистичките вештачења и анализите од барутните честички.
Од сите вклучени, веднаш по инцидентот се земени примероци од крв и од урина за анализа, како и парафински ракавици. Сослушани се сведоците, по што за осомничениот се предложени серија мерки на претпазливост: забрана за напуштање на местото на живеење, обврска за редовно јавување во суд, привремено одземање на патната исправа, како и забрана за вршење на определени работни активности.
Едно од момчињата во кое полицаецот стрелаше, е хоспитализирано на скопските клиники, е во подобра и стабилна здравствена состојба, контактибилно е и не се наоѓа во животозагрозувачка состојба.
