Ердоган: Подготвен сум да ги остварам плановите за развој и просперитет
14.08.2017 12:55
Ги повика сопартијците да работат уште повеќе за да победат на изборите во 2019 година со поддршка од 50% од гласачите. Вети дека ќе се ослободат од терористите и предавниците меѓу Ѓуленистите.

На собирот во Анталија, претседателот на Турција и лидерот на Партијата на правдата и развојот Реџеп Таип Ердоган порача дека е подготвен да ги оствари плановите за развој и просперитет.
Ги повика сопартијците да работат уште повеќе за да победат на изборите во 2019 година со поддршка од 50% од гласачите. Вети дека ќе се ослободат од терористите и предавниците меѓу Ѓуленистите.
Ердоган нагласи дека Турција му се поклонува само на господ, а угледот и успехот ќе го добие со напорна работа и служење на народот.
