ВМРО-ДПМНЕ: Политички притисок од СДС и Заев врз судот

14.08.2017 13:10

„Без логично образложение, под политички притисок врз судот, беа одземени и патните исправи на дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. Така сакаат да создадат негативна слика во јавноста за истите“, вели Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ.

Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт повторно ќе се воспостави правната држава во земјава- тврдат во оваа партија, посочувајќи на политичкиот притисок на СЈО на кој подлегна Апелацискиот суд. Станува збор за прифаќањето на прислушуваните разговори за материјален доказ- велат во ВМРО-ДПМНЕ.

„Без логично образложение, под политички притисок врз судот, беа одземени и патните исправи на дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. Така сакаат да создадат негативна слика во јавноста за истите“, вели Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ.

Додава дека барањата за одземање на патните исправи беа целосно неосновани и без соодветна аргументација, истите не беа со цел да се задоволи правото, туку желбата за политички прогон на поедини личности кои застанале во одбрана на Република Македонија, нејзините државни и национални интереси.