Николовски: Исплатата на субвенции доцни поради опструкции
За 2016-та година има нешто помалку од 15 милиони евра за кои се подготвени решенијата- вели министерот за земјоделство Николовски.
Имавме големи опструкции со документацијата на земјоделските производители и затоа доцнеше исплатата на субвенциите. За 2016-та година има нешто помалку од 15 милиони евра за кои се подготвени решенијата- вели министерот за земјоделство Николовски.
„Околу 50 милиони евра субвенции се исплатени последниве два месеца во земјоделството. За реализација остануваат неполни 15 милиони, за кои решенијата се веќе подготвени. До крајот на месецот се очекува поддршката да биде префрлена во целост“, соопшти ресорниот министер Љупчо Николовски.
Тој оцени дека и сега, како и претходните години, повеќе се исплаќаат заостанати обврски, наместо поддршка за тековната година. Информира и дека до крајот на годината, до 31 декември, ќе бидат исплатени и дополнителните шест милиони евра поддршка, за млад земјоделец и за подигање нови повеќегодишни насади.
Со програмата за 2017-та, ќе се исплатат два милиони евра повеќе за насадите со пченица. Исто толку и за лозаро-овоштарите.
