СДСМ: Барок и луксуз од ВМРО-ДПМНЕ за долг од 50% од БДП

14.08.2017 15:13

ВМРО-ДПМНЕ покажува непознавање за управување со финансиите- се вели во дописот на СДСМ.

„Владата одговорно управува со државните пари“- сметаат Социјалдемократите. Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше граѓаните за луксуз и за споменици, а владата предводена од нив го намалува долгот и ја опоравува економијата.

Владејачката ја обвини опозициската партија и оти за 11 години направила јавен долг од над 50 проценти од бруто-домашниот производ. 

„Преку одговорното управување на долговите, јавниот долг на државата денес е намален првпат по 2008 година“- велат од СДСМ.