Русија: Уапсени терористи кои планирале напад

14.08.2017 15:23

Групата планирала да изведе самоубиствени напади со моќни експлозиви на фреквентни места, вклучувајќи транспортни објекти и трговски ценатри во Москва.

Руската федерална служба за безбедност привела четворица терористи, еден државјанин на Русија и  тројца на централноазиските држави, кои подготвувале атентати во Москва и регионот.

Групата планирала да изведе самоубиствени напади со моќни експлозиви на фреквентни места, вклучувајќи транспортни објекти и трговски ценатри во Москва.

Подготовката била раководена од Исламска држава. Во близина на Москва била откриена и уништена лабораторија за оружје.