Дилавер Бојку– Леку убиен на сопствената плажа во Струга

14.08.2017 20:31

Засега непознат сторител пукал врз Леку на плажата со која стопанисувал, по што избегал во непознат правец.

Угостителот од струшкото село Велешта Дилавер Бојку – Леку е убиен во оружениот напад што попладнево околу 17 часот се случи на плажа во центарот на Струга, во близина на стадионот на ФК „Караорман“.

Засега непознат сторител пукал врз Леку на плажата со која стопанисувал, по што избегал во непознат правец.

Портпаролот на СВР – Охрид Стефан Димоски го потврди инцидентот во Струга, информирајќи дека во тек е полициски увид на местото на настанот во присуство на јавен обвинител, како и оти се преземени пошироки полициски активности во градот и неколку околни населени места за пронаоѓање на сторителот на делото кој е во бегство.

Според првичните неофицијални информации, се работи за крвна одмазда за убиство сторено од синот и братот на Бојку.

Леку на јавноста и беше познат како стопанственик и поранешен осуденик за организирање на проституција.