Османи на работен појадок со амбасадорите на земјите од Западен Балкан
15.08.2017 10:03
Теми за разговор се Стратегијата за проширување на ЕУ, добрососедските односи, Берлинскиот процес и регионалната соработка која произлегува од него, поефикасното користење на ИПА фондовите.
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на работен појадок со амбасадорите на земјите од Западен Балкан.
Теми за разговор се Стратегијата за проширување на ЕУ, добрососедските односи, Берлинскиот процес и регионалната соработка која произлегува од него, поефикасното користење на ИПА фондовите.
Оваа средба е прва од серијата предвидени редовни координативни состаноци со амбасадорите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.
