Мадуро издаде наредба за воени маневри во Венецуела
15.08.2017 10:27
Мадуро издаде наредба за воени маневри, откако американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани со воена интервенција за решавање на кризата во Венецуела.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро издаде наредба за воени маневри, откако американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани со воена интервенција за решавање на кризата во Венецуела.
Од Уставотоворното собрание побара да ја прогонува опозицијата, која, според него, ја поддржала заканата на Вашингтон.
Портпаролот на Пентагон, Робин Манинг, негира каква било подготовка на сценарија за воената интервенција којашто претходно ја најав како опција челникот на Белата куќа.
