Лидерот на Северна Кореја ги следи активностите на САД

15.08.2017 10:51

Пјонгјанг и Вашингтон почнаа вербална војна, којашто според американскиот министер за одбрана Џејмс Метис, може лесно да се претвори во вооружен конфликт со сериозни последици на глобално ниво.

Додека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ги разгледува опциите за ракетен напад врз американската територија во Пацификот, островот Гуам, будно ги следи и активностите на САД.

Поради заканите од ваков инцидент, Пјонгјанг и Вашингтон почнаа вербална војна, којашто според американскиот министер за одбрана Џејмс Метис, може лесно да се претвори во вооружен конфликт со сериозни последици на глобално ниво.

Топката ја смирува претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-Ин кој потенцира дека без согласност од Сеул нема да се спроведе никаква воена операција на полуостровот.