Рама: Решение на проблемот е Србија да го признае Косово
Во интервјуто за „Блиц“, Рама забележал искрена емоција во авторскиот текст на Вучќиќ во кој бара внатрешен дијалог за Косово така што е охрабрен да гради визија за иднината на Србија и Косово.

Решението за косовскиот проблем е едноставно, целосно признавање на Република Косово од страна на Србија, а кога ќе се ставам во чевлите на Александар Вучиќ, свесен сум, дека е многу полесно тоа да се каже, отколку да се стори, изјави албанскиот премиер Еди Рама.
Во интервјуто за „Блиц“, Рама забележал искрена емоција во авторскиот текст на Вучќиќ во кој бара внатрешен дијалог за Косово така што е охрабрен да гради визија за иднината на Србија и Косово.
Во врска со предлогот на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ косовскиот проблем да се реши со поделби, албанскиот премиер смета дека не е позитивен старт.
