Јавно обвинителство: Се преземаат мерки за расветлување на убиството во Струга

15.08.2017 10:50

Според првичните информации, убиството околу 17 часот го извршил непознат сторител со истрели од огнострелно оружје, на терасата на ресторанот „Аква блу“ во Струга.

По наредба на јавниот обвинител на телото на убиениот сопственик на ресторанот „Аква блу“ во Струга ќе се изврши обдукција, соопшти Основното јавно обвинителство. Од ОЈО велат дека интензивно се преземаат мерки и активности за откривање на сторителот на кривичното дело.

Дежурен јавен обвинител од струшкото Јавно обвинителство заедно со увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Охрид- Полициската станица Струга, вчера извршил увид на лице место каде што беше убиен сопственик на ресторан.

Според првичните информации, убиството околу 17 часот го извршил непознат сторител со истрели од огнострелно оружје, на терасата на ресторанот „Аква блу“ во Струга.

Од лице место се подигнати траги и веднаш се дадени на вештачење.