Трамп со нова изјава против нацистите во САД

15.08.2017 12:14

„Секој што врши насилство поради расна разлика е криминалец“, потенцира тој, додавајќи дека американскиот народ се згрозува од кланот Ку Клукс, неонацистите и движењата за надмоќ на белата раса.

По лавината критики за не толку строгата осуда кон ултрадесничарите во САД на инцидентот во Шарлотсвил, претседателот Доналд Трамп даде нова изјава во која го окарактеризира расизмот како зло.

„Секој што врши насилство поради расна разлика е криминалец“, потенцира тој, додавајќи дека американскиот народ се згрозува од кланот Ку Клукс, неонацистите и движењата за надмоќ на белата раса.

На маршот во Вирџинија загина 32-годишна девојка, а 19-мина лица беа повредени откако автомобил влета во толпата.