Промовирана монографијата „Воените генерали од Македонија од 1943 до 2017“
Промовирана монографијата „Воените генерали од Македонија од 1943 до 2017“ од авторите- генерали во пензија Мирослав Стојановски и Борис Стојаноски. Ова е прво дело каде што се поместени биографиите и воените позиции македонските генералите и адмирали. Настанот е увертира во прославувањето на 25-те години од формирањето на АРМ...

Изворедна ретроспектива на 90 македонски воени генерали и адмирали за последниве 74 години. Целина отсликана во два периода, од 1943-та до 1992-ра, и од почетокот на создавањето на Македонската армија досега.
Периодот пред АСНОМ е особено значаен за достигнување на македонскиот идеал за сопствена државност, а во темелите се вклучуваат и македонските генерали. Генералите вообичаено ги извршуваат задачите зададени од политичарите. Колку политиката знаела да возврати, особено по осамостојувањето на земјата.
Монографијата „Воените генерали од македонија од 1943 до 2017“ од авторите-генерали во пензија Мирослав Стојановски и Борис Стојаноски нуди биографии и воени позиции за овие македонски команданти. Со посебен акцент, вели професорот Димитриевски, на Михајло Апостолски, генералот над генералите кој командувал со осум дивизии и три корпуси, меѓу кои и бригади од Косово и јужна Србија, еден одред на бугарската војска за време на Народно- ослободителната војна.
Денешната промоција е увертира пред 18-ти август, денот на којшто Македонската армија ја прославува 25-годишнината од формирањето.
Зоран Богатинов
