Модернизирани студии на ФЕИТ, слободни 650 места

15.08.2017 13:15

Новина на ФЕИТ е и воведувањето на професори- тутори кои треба да им помогнат на студентите полесно да се прилагодат на новата средина. Има 650 слободни места. Уписите почнуваат в четврток.

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) е подготвен да ги прими бруцошите. Студиите се модернизирани, а новина е и воведувањето на професори- тутори кои треба да им помогнат на студентите полесно да се прилагодат на новата средина. Има 650 слободни места. Уписите почнуваат в четврток.

Деканот на ФЕИТ, Димитар Ташковски истакнува дека ги следеле насоките на меѓународно тело за акредитација на високообразовни институции од нивната област, каде се наведени основните знаења и вештини што денес треба да ги поседува еден модерен инженер по електротехника и информациски технологии.

На ФЕИТ достапни се седум студиски програми: Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија, Електроенергетски системи, Електроенергетика, управување и менаџмент, Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика, Компјутерски технологии и инженерство, Компјутерско хардверско инженерство и електроника и Телекомуникации и информациско инженерство.