Кривични пријави против пет лица за предизвикување пожари
Двајца од Македонски Брод се осомничени за предизвикување шумски пожари. Според полицискиот извештај на четврти август околу 12 часот во село Могилце во двор на едниот осомничен започнал пожар. Подоцна се проширил и опожарил две напуштени куќи, сандаци со пчели и големи површини со борова шума.

Паднаа првите кривични за пожарите. Двајца од Македонски Брод се осомничени за предизвикување шумски пожари. Според полицискиот извештај на четврти август околу 12 часот во село Могилце во двор на едниот осомничен започнал пожар. Подоцна се проширил и опожарил две напуштени куќи, сандаци со пчели и големи површини со борова шума.
Полицијата се сомнева дека пожарот настанал од фрлен отпушок од цигара во сено кое се наоѓало во дворот и набрзо се проширил.
Поднесен е и извештај против 36 годишен од село Косово, Македонски Брод за кривично дело предизвикување шумски пожар. Се сомничи за пожарот од 27-ми јули кој почанал од ловечки објект, а се проширил на местатат „Бигор“ и „Круша“.
Поднесен е и записник за констатирани прекршоци за уште двајца Скопјани. Се сомничат за пожарите во селата Заград и Зркле.
