Стандарди за добро управување со општините
Невладините ќе добијат пари за подобрување на работата на јавната администација во општините. Треба да биде потпишан договор за грант со 14 граѓански организации. Прокетот е финасиран од Европската унија, преку ИПА програмата „Структура за поддршка на граѓанското општество и медиуми“...

Граѓански организации ќе ги утврдуваат стандардите за добро управување во локалните самоуправи врз основа на сигма принципи за јавна администрација. Ќе бидат опфатени повеќе области, како што се развој на општините, управување со општинските финансии, обезбедување услуги кон граѓаните. Крајната цел е да има подобри услуги на граѓаните.
Од касата на Европската унија за овој проект се одвоени 70.000 евра. Секој грантист ќе добие по 5.000 евра.
Активностите ќе се спроведуваат во текот на следната година за што ќе се иницира соработка со Министерството за локална самоуправа за стандардите да станат практика утврдена преку политиките на овој ресор.
Наташа Јанчиќ
