Продолжува расправата за разрешување на Зврлевски
Опозицијата побара Јавниот обвинител да се избира со двотретинско мнозинство. Укажа дека мандатот му е шест, а не четири години за да остане имун на политичките притисоци. Мнозинството не учествува во расправата. Бара пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат работата на Собранието...

Собранието на Република Македонија ќе го одржи 12-то продолжение на шестата седница на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со владиниот предлог, според кој Зврлевски незаконито, ненавремено и недоволно стручно ја извршувал функцијата. Пратениците се повикаа на неговата биографија. Опозицијата побара Јавниот обвинител да се избира со двотретинско мнозинство. Укажа дека мандатот му е шест, а не четири години за да остане имун на политичките притисоци.
Мнозинството не учествува во расправата. Бара пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат работата на Собранието за да може да поминат законските решенија за минималната плата и за стечајците.
Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата и го нарушил нејзиниот углед, стои, меѓу другото, во предлог-текстот.
