САД: Нови критики за Трамп поради расизмот
Во последното соопштение, Трамп ги осуди неонацистите, а потоа во Њујорк изјави дека и поддржувачите на левицата се одговорни за нередите. Поради коментарите, дел од републиканците упатија критики кон својот лидер.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги обвини двете страни во насилствата во Шарлотсвил, Вирџинија, во кои загина една жена, а 19-мина беа повредени.
Во последното соопштение, Трамп ги осуди неонацистите, а потоа во Њујорк изјави дека и поддржувачите на левицата се одговорни за нередите. Поради коментарите, дел од републиканците упатија критики кон својот лидер.
Маршот на ултрадесничарите беше организиран поради предлогот за отстранување на споменик од Конфедерацијата.
Протести и контрапротести беа оддржани и во други градови на САД.
