Брегзит: Лондон не сака гранични проверки

16.08.2017 10:38

Лондон сака да ја задржи слободата на движење, но не е јасно каква ќе биде политиката во однос на влезот на луѓе од други националности преку границата.

Британската Влада не сака враќање на граничните проверки со Ирска откако ќе ја напушти ЕУ во март 2019 година.

Лондон сака да ја задржи слободата на движење, но не е јасно каква ќе биде политиката во однос на влезот на луѓе од други националности преку границата.

Даблин стравува од економски загуби и потенцијална блокада на мировниот процес во Северна Ирска.