Грција бара помош од ЕУ за справување со пожарите

16.08.2017 11:02

Ситуацијата е најсериозна во околината на Атина, на Пелопонез...

Грчките власти бараат помош и авиони од земјите-членки на ЕУ за гасенње на пожарот северозападно од Атина. Поддршка ќе стигне и од Кипар кој праќа 60 пожарникари чијашто работа е отежната поради непристапноста на теренот и силниот ветер.

Уништени се неколку хектари борова шума. Пожарот почнал во одмаралиштето Каламос и се проширил во три града.

Ситуацијата е најсериозна во околината на Атина, на Пелопонез, и на јонските острови Закинтос и Кефалонија.