Влада на РМ: Слаба реализација на проектите за самовработување

16.08.2017 10:58

Анализирани мерките за самовработување со кредитирање, за кредитирање фирми за отворање нови работни места, за самовработување со кредитирање за млади до 29 години и за кредитирање фирми...

Слаба е реализацијата на проектите за самовработување- оцени Владата на последната седница. Анализирани мерките за самовработување со кредитирање, за кредитирање фирми за отворање нови работни места, за самовработување со кредитирање за млади до 29 години и за кредитирање фирми за отворање нови работни места за млади до 29 години. Надлежната агенција има 40 дена да направи детална анализа.

Исто така, Владата побара од Македонска пошта да ги намали непродуктивните трошоци, Законот за енергетика е ставен меѓу приоритетните, повеќе општини се задолжени да обезбедат услови за народни кујни, а труд и социјала ќе бара мислење за двосменско работење на градинките.