Владата бара Македонска Пошта да ги намали непродуктивни трошоци

16.08.2017 11:48

На седницата, меѓудругот се дискутирало и се усвоени Извештајот за финансиското работење на ЈП МЖ Инфраструктура, како и годишната сметка т.е Финансискиот извештај и Извештајот за работењето за 2016 година на АД за поштенски сообраќај-Македонска Пошта Скопје.

Македонска Пошта  треба да подготви програма за намалување на непродуктивни трошоци и во рок од два месеца да ја достави до Владата, одлучено е на вчерашната владина седница.

На седницата, меѓудругот  се дискутирало и се усвоени Извештајот за финансиското работење на  ЈП МЖ Инфраструктура, како и годишната сметка т.е Финансискиот извештај и Извештајот за работењето за 2016 година на АД за поштенски сообраќај-Македонска Пошта Скопје.

Со владина одлука, одобрени се годишните сметки за финансиското работење на двете јавни претпријатија и нивниот финансиски извештај, соопшти владината служба за информирање.

Владата го разгледала и финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта за периодот јануари - март годинава.  На ова претпријатие му е наложено да одреди надзорен орган и рокови во кои ќе изврши надзор над извршените работи од градежните компании.