Велешанец со чекан го убил соседот, повредил четири лица
Тој прво влегол во собата на ќерката на убиениот и со чеканот ја удрил по глава, нанесувајќи и повреди. Потоа ги нападнал нејзините родители, им нанел тешки телесни повреди, од кои подоцна татакото починал...

Крвав инцидент во Велес. 46- годишник со чекан ја скршил влезната врата на семејната куќа на соседот и го убил. Повредил уште четворица.
Тој прво влегол во собата на ќерката на убиениот и со чеканот ја удрил по глава, нанесувајќи и повреди. Потоа ги нападнал нејзините родители, им нанел тешки телесни повреди, од кои подоцна татакото починал.
Викотниците за помош ги чуле братот на починатиот и неговата сопруга, кои живееле на другиот кат од куќата. Истрчале да видат што се случува, но и нив ги удрил со чекан.
По изврушувањето на делото осомничениот се вратил дома и на социјалните мрежи напишал дека ги убил „своите монструми“. Велешанецот за кусо време бил приведен.
Извршен е и увид на самото место. Надлежен обвинител до Основен суд- Велес доставил предлог за определување на мерка притвор. Издал и наредба да се изврши обдукција на телото на починатиот, и подигање на траги и материјални докази од местото на настанот.
