Уписи на УКИМ во четврток и во петок

16.08.2017 12:43

Според објавениот конкурс, за запишување студенти на прв циклус студии се слободни вкупно 10.818 места.

Утре и в петок пријавување за упис во прва година на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Според објавениот конкурс, за запишување студенти на прв циклус студии се слободни вкупно 10.818 места.

Од нив, 5.865 се за редовни студенти со годишна партиципација од 200 евра. Речиси 3.800 места за редовни со кофинансирање на студиите со 400 евра, а 1.160 се резервирани за вонредни студенти.

Новина во конкурсот е укинувањето на дисперзираните студии. Вториот уписен рок е на 4-ти септември, а третиот е на 15-ти септември.