Новото раководство на ССМ со серија кривични пријави против Митревски
16.08.2017 14:23
Претходниот претседател на ССМ, Живко Митревски преку буџетот на ССМ си ги плаќал киријата за стан, трошоците за комуналии, чистачка, сметки, како и два шофери...

Новото раководство на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), против поранешниот претседател, Живко Митревски најавува серија на кривични пријави. Дел од нив се за фалсификување на документи, а дел за злоупотреба на службена положба.
Претходниот претседател на ССМ, Живко Митревски преку буџетот на ССМ си ги плаќал киријата за стан, трошоците за комуналии, чистачка, сметки, како и два шофери за двете службени возила, објавија денеска новото раководство на Сојузот.
