Заев бара термин од Џафери за неделни пратенички прашања

16.08.2017 14:34

Премиерот Заев наведува дека Владата се обврзала да се врати демократскиот амбиент, во Собранието да има политички дијалог и соработка со сите парламентарни групи, вклучително и со опозицијата.

Премиерот Заев му пиша писмо на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Побара да одреди термин за одржување на неделните, тематски пратенички прашања во траење од еден час, како дел од реформскиот план 3-6-9.

Заев наведува дека Владата се обврзала да се врати демократскиот амбиент, во Собранието да има политички дијалог и соработка со сите парламентарни групи, вклучително и со опозицијата.

Премиерот наведува и оти мнозинството во отворена и искрена соработка со опозицијата ќе се погрижи за надзорната функција на Собранието и собраниските тела над владата, безбедносните и разузнавачките служби.