ВМРО-ДПМНЕ: СЈО нема легитимитет да отвора нови постапки
16.08.2017 14:50
Согласно закон на 30-ти јуни истече рокот од 18 месеци кој СЈО го имаше за да ги состави обвиненијата за сите индиции и сите предмети за кои Катица Јанева сметаше дека има основа да се процесуираат...

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека Специјалното јавно обвинителство нема легитимитет да отвора нови постапки.
„Мандатот на Специјалното јавно обвинителство за отворање и спроведување на истраги заврши. Согласно закон на 30-ти јуни истече рокот од 18 месеци кој СЈО го имаше за да ги состави обвиненијата за сите индиции и сите предмети за кои Катица Јанева сметаше дека има основа да се процесуираат понатаму“, изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата бараат судот да не дозволи да биде вовлечен во нелегални активности.
