Саудиска Арабија ќе ја отвори границата кон Ирак после 27 години
16.08.2017 14:59
Властите од двете земји ја посетија областа и разговарале со ирачките аџии, кои смеат да го користат преминот еднаш годишно кога одат на аџилак.

Саудиска Арабија планира да го отвори преминот Арар на границата со Ирак за прв пат по 1990 година.
Властите од двете земји ја посетија областа и разговарале со ирачките аџии, кои смеат да го користат преминот еднаш годишно кога одат на аџилак.
По прекинувањето на односите меѓу Багдад и Ријад, границата беше затворена, откако поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин изврши инвазија на Кувајт.
