Обвинувања за финансиски злоупотреби во ССМ
Новото раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија поднесува кривична пријава против доскорешниот лидер, Живко Митревски. Го обвинија дека ја злоупотребувал функцијата и фалсификувал документи, како и оти се богател на грбот на работниците. Тој ги демантира ваквите наводи. Тврди работел законски. Обвини за упад во Синдикатот и најави правна битка...

Животно осигурување, кирија за стан, трошоци за комуналии, чистачка, сметки, два шофера и две службени возила, професионално и стручно усовршување на сметка на работниците, се привилегии кои незаконски си ги доделил поранешниот претседател на ССМ, Живко Митревски, обвини новото раководство на Сојузот. Според нив, Митревски покрај платата од 50.000 денари, по други основи имал приходи од околу 50.000 денари. Го обвинуваат за штетни договори, велат- ќе мора да одговара.
Митровски ги отфла обвинувњата како неосновани. Според него станува збор за спин кој во континуитет го шират четирите синдикати.
Претседателството на ССМ донело одлука за исплата на регрес за годишен одмор на вработените во Синдикатот, во износ од 60 проценти од просечната плата во изминатите три месеци. Првиот човек на Сојузот, рече дека ќе бараат исплата на регрес и во јавниот сектор, како и враќање на неговата задолжителна исплата во приватниот сектор во износ од 40 проценти.
