Тилерсон: Нема место за омраза и насилство
17.08.2017 10:49
Претходно, челникот на Белата куќа Доналд Трамп повторно ги обвини и десничарските и левичарските екстремисти за инцидентите.

Во американското општество нема место за омраза и насилство, какви што беа демонстрирани во Шарлотсвил, во државата Вирџинија, изјави американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон. Претходно, челникот на Белата куќа Доналд Трамп повторно ги обвини и десничарските и левичарските екстремисти за инцидентите.
Социјалните мрежи укинаа неколку контроверзни веб-страници преку кои се шири говор на омраза. Меѓу нив се и корисничките сметки поврзани со веб-страницата Дејли Стормер преку која се организираа протестите во Шарлотсвил.
