ВМРО- ДПМНЕ: Каде отидоа парите од девизните резерви?

17.08.2017 12:45

Министерот за задолжување Тевдовски за 70 дена власт успеа да стопи 126 милиони евра, велат од опозициската партија...

Каде отидоа парите од девизните резерви, прашуваат во ВМРО- ДПМНЕ. Министерот за задолжување Тевдовски за 70 дена власт успеа да стопи 126 милиони евра.

Се распишуваат аукции за државни хартии во вредност од 145 милиони евра. Со волшебниците од СДС исчезнаа 171 милион евра, а пред два дена државата се задолжи со нови 44 милиони евра, пишува во дописот од ВМРО- ДПМНЕ.

Од партијата велат дека владата на СДС пред два дена државата ја задолжи за нови 2.70 милијарди денари односно 43.9 милиони евра.

Граѓаните не сакаат нивните пари да завршуваат во џебовите на волшебниците од СДС и нивните асистенти од Сорос и платеничката шарена револуција. Заради неработата, непосветеноста и негрижата, СДС на 15-ти октомври ќе се соочи со политичка одговорност, стои во партиското соопштение.