СДСМ: ВМРО- ДПМНЕ неконтролирано ги задолжуваше граѓаните
17.08.2017 12:46
Владата го исплати долгот кон Дојче Банк во висина од 77, 3 милиони евра, а јавниот долг го намали за 31, 4 милиони евра за првиот квартал од годинава.

ВМРО- ДПМНЕ 11 години неконтролирано ги задолжуваше граѓаните преку остварување криминални интереси и затоа сега не може да се помири дека владата на СДСМ работи домаќински, отчетно и за граѓаните, пишува во реакцијата на СДСМ.
Владата го исплати долгот кон Дојче Банк во висина од 77, 3 милиони евра, а јавниот долг го намали за 31, 4 милиони евра за првиот квартал од годинава.
Во дописот на СДСМ пишува и дека ВМРО- ДПМНЕ напразно обвинува зашто се плаќа преку единствена државна сметка за кредитите и старите долгови.
