Отворена музејска изложба „25 години Армија на Република Македонија“
Да се обединиме околу целта- македонското знаме да се вее во НАТО и во ЕУ, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на денешната изложба на фотографии, опрема и оружје во Воениот музеј на Македонската армија.

Мораме да покажеме единственост за доборото на нашата држава. Да се обединиме околу целта- македонското знаме да се вее во НАТО и во ЕУ, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на денешната изложба на фотографии, опрема и оружје во Воениот музеј на Македонската армија.
„Четвртина век историја на нашата држава и Армија е испишана со големи успеси и светли настани, но и со настани кои никој не посакуваше да се случат и се најдобра опомена како не треба. За доброто на нашата држава Република Македонија за доброто на сите нејзини граѓани како никогаш досега потребно ни е единство без оглед на пол, вера, етничка припадност или политичка провиненција, да се обединиме кон целта сите заедно во најскора иднина да застанеме под знамето на Република Македонија кое гордо ќе се вее како знаме на држава, полноправна членка на НАТО и ЕУ“, истакна Шеќеринска.
Изложбата содржи и повеќе експонати кои за првпат се изложуваат пред јавноста, како што се повеќе видови специјални оружја и воена опрема, воен чамец со нуркачка опрема, топови. Изложбата ја подготви Воениот музеј на РМ и таа ќе биде отворена еден месец.
