Од октомври Скопје- Минхен два пати неделно
Скопје- Минхен од октомври два пати неделно со нискотарифната авиокомпанија „Еуровингс“. Најниските цени за авионските билети ќе се движат од околу 40 евра. Првиот човек на ТАВ Македонија вели дека македонските патници ќе добијат дополнителни конекции преку мрежата на „Луфтханза“...

Oд октомври директна врска Скопје- Минхен. Новата линија ќе ја оперира нискотарифната авиокомпанија „Еуровингс“, членка на групацијата „Луфтханза“. Ќе лета двапати неделно до главниот аеродром во овој град. Најниските цени за авионските билети ќе се движат околу 40 евра.
Со новата авиолинија, македонските патници ќе добијат дополнителни конекции и во Европа и на интерконтинентално ниво, преку мрежата на „Луфтханза“- изјави првиот човек на ТАВ Македонија. Неодамна беа воведени нови шест линии од Скопје и од Охрид.
ТАВ Македонија ги заврши првите седум месеци со 8% пораст на бројот на патници, достигнувајќи 1.089.906 патници на двата македонски аеродрома. Во јули беа превезени вкупно 229.776 патници, што споредено со истиот месец лани, претставува пораст од 15%.
Дијана Ценевска
