Ултрадесничарска сенаторка со бурка во австралискиот Парламент

17.08.2017 14:42

Лидерката на партијата „Една нација“ седеше 20 минути пред да ја соблече црната прекривка, по што повторно побара забрана за нив на јавните места од безбедносни причини.

Австралиската ултрадесничарска сенаторка Полин Хенсон дојде во Парламентот облечена во бурка како дел од нејзината кампања за забрана за носење на оваа облека на муслиманските жени.

Лидерката на партијата „Една нација“ седеше 20 минути пред да ја соблече црната прекривка, по што повторно побара забрана за нив на јавните места од безбедносни причини.

Државниот обвинител Џорџ Брендис, го осуди ваквиот потег и ја предупреди за навредување на верските групи.

Хенсон води антимигрантска политика и се противи и на градењето џамии.