Рекорден број граѓани од ЕУ работат во Велика Британија

17.08.2017 15:25

2,37 милиони лица од земјите-членки, биле вработени меѓу април и јуни, или 126 илјади повеќе во однос на истиот период лани.

Според британски „Индепендент“, рекорден број граѓани од Европската унија работат во Велика Британија. 2,37 милиони лица од земјите-членки, биле вработени меѓу април и јуни, или 126 илјади повеќе во однос на истиот период лани.

Забележан е и раст на бројот на Романци и Бугари кои работат во Велика Британија. Ограничувањата за работници од двете земји во Велика Британија беа укинати во јануари 2014-та година.