Грозјето ќе се откупи во целост
Годинашниот род грозје ќе биде откупен во целост, информираа од Министерството за земјоделство. Од таму и најава дека ќе се креираат суштински мерки и политики за Македонија да има успешна винска индустрија...

Грозјето годинава ќе биде целосно откупено- тврди министерот за земјоделство. Николовски се сретна со претставници на винарските визби, тие му пренесоа дека се соочуваат со финансиски проблеми и залихи. Годинашниот род е со подобар квалитет, но поради измрзнувањето има помал принос. Велат, цените ќе ги дефинира пазарот.
Според претстваниците на винарските визби, Македонија не е доволно позната винска земја. Мора многу да се работи на имиџот. Ресорниот министер вели дека со винариите е договорено креирање модел на континуиран дијалог, а не разговарање непосредно пред сезона.
Еден од заклучоците на средбата е да изготви стратегија која ќе биде од корист за двете страни, и за производителите и за визбите, бидејќи само така Македонија ќе има успешна винска индустрија.
Наташа Јанчиќ
