Разрешен јавниот обвинител Зврлевски
Со 64 гласови „за“ разрешен јавниот обвинител Марко Зврлевски. ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на седницата со образложение дека не се почитувало мислењето на Антикорпуциската комисија...

Со 64 гласови на парламентарното мнозинство и движењето Беса, без против и воздржан, во Парламентот разрешен државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на гласањето, поради како што реакоа, незаконското разрешување на обвинителот. Според нив, не се почитувал ниту Изборниот законик, ниту мислењето на Антикорупциската комисија за разрешување и именување функционери пред избори.
Претеседателот на Собранието одговори дека мислењето на Антикорупциска за него е ништовно и нема формално- правни обврски спрема институцијата. Од СДСМ велат- разршеувањето на Зврлевски е предвесник за реформи во судството.
Движењето Беса го поддржа разрешувањето на Зврлевски, со цел, како што рекоа, да почнат реформите во правосудниот систем.
Предлогот за разрешување на Зврлевски до Парламентот го достави Владата со образолежние дека тој незаконито, ненавремено и недоволно стручно ја вршел функцијата.
Игор Панов
