Шеќеринска: Да покажеме единство за доброто на државата
„Мораме да покажеме единственост за доборто на нашата држава. Да се обединиме околу целта – македонското знаме да се вее во НАТО и во Европската унија“- изјави министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска. Изложба на фотографии, опрема и оружје во Воениот музеј во рамките на подготовките на одбележувањето на Денот на армијата...

„Македонија е сѐ што имаме“. Македонија на 18-ти август одбележува 25 години од формирањето на Армијата. Ресорната министерка Шеќеринска порача дека за доброто на нашата држава и на сите нејзини граѓани, како никогаш досега ни е потребно единство без оглед на пол, вера, етничка припадност или политичка провиненција.
Да се обединиме кон целта, сите заедно во најскора иднина да застанеме под знамето на Република Македонија кое гордо ќе се вее како знаме на држава, полноправна членка на НАТО и на Европската унија- изјави министерката на отворањето на изложбата „25 години АРМ“.
Армијата на Република Македонија е секогаш подготвена да одговори на предизвиците- оцени Шеќеринска. Ги посочи справувањето со неодамнешните пожари, минатогодишните поплави, но и оние времиња кога е загрозена безбедноста на земјава. Грижливоста за придонесот на мирот и на стабилноста во светот, како докажан рамноправен член на нато, припадниците на арм го покажаа во меѓународните мисии во Авганистан, Ирак, Босна, Либан.
Во Воениот музеј, по повод јубилејот е поставена изложба со автентични фотографии од архивите на Министерството за одбрана и на генералштабот, со припадници кои извршуваат задачи и мисии и поважни настани. Музејската постава содржи и експонати кои за првпат се изложуваат пред јавноста, повеќе видови специјални оружја и воена опрема.
Изложбата по повод Денот на армијата е отворена еден месец.
Наташа Гркова-Петрушевска
