Најмалку 12 загинати и 80 повредени во терориситчки напад во Барселона

17.08.2017 22:34

Полицијата уапсила две лица во врска со овој терористички чин...

Најмалку 12 лица загинаа, а околу 80 други се повредени, кога денеска комбе влета во пешаци на популарната пешачка улица Лас Рамбла, во близина на плоштадот Плаза Каталонија во центарот на Барселона, соопшти вечерва каталонскиот премиер Карлес Пучдемон.

Пучдемон, кој поради нападот го прекина годишниот одмор и се врати во Барселона, информира и дека полицијата уапсила две лица во врска со овој терористички чин.

Пучдемон на прес-конференција во Барселона посочи дека засега не е познато колку лица учествувале во нападот,

Шпанскиот весник „Публико“ претходно објави дека во врска со нападот полицијата привела две лица, од кој едниот е идентификуван како Дрис Укабир, на чие име е изнајмено комбето со кое е извршен нападот.

Одговорност за нападот презеде џихадистичката група Исламска држава.