Четири нови случаи на Западнонилска треска во Грција
18.08.2017 11:23
Случаите се регистрирани во регионот на Арголида и Аркадија, на полуостровот Пелопонез.

Четири нови случаи на Западнонилска треска беа регистрирани оваа недела во Грција, јавија грчките медуми, додавајќи дека се потврдени прогнозите на експертите за можна појава на оваа зараза.
Случаите се регистрирани во регионот на Арголида и Аркадија, на полуостровот Пелопонез.
Според извештајот на Центарот за контрола и превенција на болестите досега во Грција биле регистрирани вкупно 24 случаи, од кои четири се утврдени оваа недела.
