Премиерот Заев го осуди терористичкиот напад во Барселона

18.08.2017 11:29

Заев изрази сочувство до семејствата на жртвите, на повредените им посака брзо да закрепнување.

Македонскиот премиер Зоран Заев го осуди терористичкиот напад во Барселона. Изрази сочувство до семејствата на жртвите, на повредените им посака брзо да закрепнување.

„Нашата порака до Шпанија и до цела Европа е дека во овој момент кога тагуваме за жртвите, осудата на омразата и насилството мора да биде одлучна и силна. Истовремено мораме да ги зајакнеме заложбите кои промовираат единство и слобода, наспроти поделбите и дискриминацијата“- изјави премиерот Заев.