Аеродоромот во Сиднеј блокиран поради ветровитото време

18.08.2017 11:44

Преку 60 летови се откажани или одложени, главно на домашните линии...

Работата на аеродромот во Сиднеј е сериозно нарушена поради ветровитото време над источниот брег на Австралија. Портпаролот на аеродромот изјави дека само една од трите писти може да се користи.

Преку 60 летови се откажани или одложени, главно на домашните линии.

Според австралиската метеоролошка служба, брзината на ветерот јужно од Сиднеј, каде што се наоѓа аеродромот, достигнува околу 100  км/ на час.