Писмо со сочувство од претседателот Иванов до кралот Фелипе за терористичкиот акт во Барселона
Вознемиреноста од оваа жална вест е уште поголема поради тоа што и граѓанин на Република Македонија е меѓу тешко повредените лица од истиот крвнички акт, пишува Иванов во писмото со сочувство.

Претседателот Иванов испрари писмо со сочувство до шпанскиот крал Фелипе. „Вознемиреноста од оваа жална вест е уште поголема поради тоа што и граѓанин на Република Македонија е меѓу тешко повредените лица од крвнички акт“- пишува Иванов.
Претседателот наведува дека сите имаме обврска да се бориме против глобалното зло, имаме одговорност да го превенираме, спречуваме и искорениме за да не страдаат недолжни и невини животи.
„Ваквиот ужасен настан е потсетување дека мораме да вложуваме колективни напори за спречување на сите форми на насилен екстремизам и тероризам, и да не дозволиме нашите вредности, демократијата и слободата, да бидат мета на заканите и ризиците од тероризам, страв и омраза“- напиша Иванов во писмото до кралот Фелипе.
